Top Sport

Валенсија не смета на Столе Димитриевски

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја напушти Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Карлос Корберан, побарал да му донесат нов голман, во моментот кога Георги Мамардашвили замина во Ливерпул.

Столе Димитиревски, пред една година, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Во тој момент имаше неколку понуди, тој реши да ја прифати онаа од „Местаља“. Тогаш Валенсија го продаде Мамардашвили во Ливерпул, меѓутоа клубовите договорија Грузиецот да остане на позајмица на „Местаља“.

Покрај Мамардашвили, Димитриевски во првенството одигра само четири натпревари, вкупно 360 минути, настапи и на пет натпревари во Купот на Шпанија.

Тренерот Корбелан, за прв голман го планира Хулен Аригезабала од Атлетик Билбао, кој бара тим каде што ќе биде прв голман, бидејќи повеќе не сака да му биде резерва на Унаи Симон. Резерва ќе му биде Кристијан Риверо, што значи дека за Димитриевски нема место на „Местаља“.

Со овој потег, Валенсија се обидува и да заработи, бидејќи договорот на Димитриевски истекува по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top