Единсон Кавани и покрај тоа што немаше најдобра сезона, најверојатно ќе остане во Валенсија, откако го импресионирал тренерот Рубен Бараха на тренинзите, тврди „Диарио АС“.
Ургувајскиот ветеран, кој е поранешен играч на Пари Сен-Жермен, Наполи и Манчестер јунајтед, пристигна на „Месталја“ како слободен играч минатото лето, но под Џенаро Гатузо немаше најдобри настапи, по што неговиот наследник, Бараха во вториот дел од сезоната му даваше малку шанси.
36-годишниот Кавани сака да покаже дека има барем уште една сезона во елитна лига каква што е шпанската.