Top Sport

(Видео) Навивачите му го суспендираа акаунтот, но Маунт се прости од Челси по 18 години

Иако навивачите на Челси со очигледно пријавување успеаја да го блокираат Твитер акаунтот на Мејсон Маунт, тој вечерва потврди дека заминува од „Стемфорд Бриџ“ пред трансферот во Манчестер јунајтед.

Како фудбалер кој е произлезен од академијата на „сините“, голем дел од навивачите на Челси го сметаат трансферот во Јунајтед како „предавство“.

„Здраво, фанови на Челси. По шпекулациите во последните шест месеци, ова нема да биде изненадување за вас. Но, нема да биде полесно дека си заминуваам од Челси. Сакам да ви кажам директно, а не преку соопштение дека сум благодарен за вашата поддршка последните 18 месеци. Знам дека некои од вас нема да бидат среќни со мојата одлука, но таа е вистинска за мојата кариера. Сакам да се заблагодарам на академијата, кадед што бев од мојата шеста година, и заедно освоивме многу трофеи, посебно незаборавната вечер кога ја освоивме Лигата на шампиони. Сакам да се заблагодарам на моите тренери, Френк, Томас и Греем. На сите мои соиграчи кои ми станаа браќа, како и на вас, кои секогаш беа покрај мене“, вели Маунт.

Scroll to Top