Top Sport

Валенсија по пеналите го елиминираше Алавес (видео)

Валенсија се пласираше во полуфиналето на Копа дел Реј, откако по изведувањето на пенали успеа да слави на тешкото гостување во Баскија кај Алавес, откако регуларниот меч заврши 2:1 за домаќините.

До 73. минута од натпреварот се играше без голови, кога Мунир Ел Хадади ги донесе домаќините во водство од 1:0, но само четири минути подоцна Санти Мина израмни за сите да ги видат Валенсија во полуфиналето. Меѓутоа, Рубен Сабрино во 86. минута од мечот повторно ги донесе Алавес во водство, и бидејќи првиот натпревар заврши 1:2 за Валенсија, се играа продолженија.

Во пенал-серијата со повеќе промашувања, Валенсија конечно беше подобра со 3:2.

Scroll to Top