Top Sport

Французите го уништија хрватскиот сон, познати полуфиналистите (видео)

Франција-Шпанија и Данска-Шведска се полуфиналните двојки на ЕП во Хрватска по крајот на натпреварите од втората рунда, во кои најголемото изненадување секако е испаѓањето на домаќините по новиот пораз од Франција.

Франција направи фантастична предност во првото полувреме од шест разлика, постигнувајќи дури 19 голови за 30 минути (19:13), за потоа во второто полувреме да ја оддржи оваа форма и да ја разочара преполната загрепска „Арена“ и селекторот Лино Червар, кој кам-бекот на хрватската клупа нема да го круниса со борба за медал, туку само за петтото место против Чесите.

Хрватите на пет минути пред крајот на мечот успеаја да стигнат до -2 разлика, меѓутоа, тоа беше максимумот што го направија, и Франција на крајот славеше со 30:27.

Недим Ремили беше најефикасен со шест гола, а пет имаше Кентин Мае, додека кај Хрватите, Мануел Штрлек уфрли шест гола.

Втората директна пресметка за влез во полуфиналето беше далеку поинтересна, барем во првото полувреме, по што Шпанија се „одлепи“ за 31:27 победа над Германците. Шпанија остана „совршена“ во втората рунда и сега ќе се судрат со првите фаворити за титулата, Французите за место во финалето.

Давид Балгуер имаше шест гола за Шпанија, а по пет имаа Феран Соле и Алекс Душебаев, а „германската машина“ ја предводеше Каи Хафнер со пет гола.

Scroll to Top