Top Sport

Валенсија потврди дека го продолжи договорот со Димитириевски

Валенсија ја искористи опцијата за продолжување на договорот за Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека македонскот репрезентативец ќе остане во клубот до јуни 2028 година.

„Откако се приклучи во 2024 година, Димитриевски, одигра вкупно 33 официјални натпревари носејќи го дресот на Валенсија во Ла Лига и Кралскиот Куп.

Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати во втората половина од минатата сезона, бележејќи пет натпревари без примен гол, што резултираше со пет победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севилја и Атлетик Билбао).

Со ова продолжување на договорот, Валенсија го обезбедува континуитетот на 32-годишниот голман, кој, по завршувањето на Ла Лига, одигра два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција со својата репрезентација и ќе се врати на тренинзите со своите соиграчи по празниците“, стои во соопштението објавено на официјалната клупска страница.

Шпанските медиуми тврдат дека продолжувањето на соработката, на Димитриевски ќе му донесе 500.000 евра.

Foto/ valenciacf.com

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');