Top Sport

Валенсија преговара со Трабзонспор за Енис Барди

Шпанскиот прволигаш Валенсија влезе во напредни преговори за ангажман на Енис Барди, пишува „Ел Гол Дигитал“. Македонскиот репрезентативец е член на турскиот Трабзонспор, но има најави за негово враќање во Шпанија, од каде интерес покажуваат и Џирона и Осасуна.

Барди во минатото го носеше дресот на градскиот ривал Леванте, но не би имал против да се врати во Валенсија каде живееше долго време,

Валенсија сака да го добие Барди на заем за претстојната сезона, а Трабзонспор би се сложил на таков договор доколку шпанскиот тим ги преземе сите обврски од неговиот договор.

Scroll to Top