Top Sport

Валенсија продале 26, Атлетико 50 билети за Суперкупот

Атлетико, Валенсија, Реал и Барселона продале само девет отсто од билетите кои ги добиле за завршницата во Суперкупот. Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија, на стадионот во Џеда.

Атлетико продале само 50, Валенсија 26, Барселона 300, а Реал 700 билети за овие натпревари.

Суперкупот ќе започне в среда со натпреварот помеѓу Реал и Валенсија, ден подоцна ќе играат Барселона и Атлетико. Финалето е на програмата в недела.

Инаку, одлуката на Ла Лига Суперкупот да се игра на 3.300 километри од Шпанија ги разочара навивачите на клубовите учесници. Причината е јасна, авионските билети и сместувањето се скапи за буџетот на навивачите.

Атлетико повлекоа вистински потег, клубот на 50 навивачи ќе им ги покрие трошоците за патувањето, а ќе им доделат бесплатни билети доколку клубот се пласира во финалето.

Барселона и реал ќе имаат нешто повеќе навивачи, но малку од нив ќе бидат од Шпанија, поголемиот дел се членови на навивачките клубови на овие великани на Блискиот исток.

Scroll to Top