Реал Бетис не успеа да ја искористи предноста од 2:0 и на крајот ќе патува на гостувањето кај Валенсија во вториот меч од полуфиналето од Кралскиот куп со 2:2.
Клубот од Севилја дојде во водство преку Лорен во 45. минута, а кога Хоакин во 54. минута зголеми на 2:0, фановите на Бетис веќе се видоа во големото финале против Барселона или Реал Мадрид.
Меѓутоа, „Ел че“ тогаш го почна импресивниот кам-бек, прво Денис Черишев намали на 2:1 по асистенција на Кевин Гамеиро во 70. минута, за самиот Гамеиро да го постави конечниот резултат во 92. минута.
Фото: ЕПА