Top Sport

Идентификувано телото на Емилијано Сала

Телото пронајденот во трупот на авионот кој на 21 јануари се урна во Ламанш е идентификувано. Полицихјата соопшти дека тоа е аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.

Кобниот ден Сала леташе од Нант за Кардиф, каде требало да им се приклучи на новите соиграчи. Ден претходно Кардиф потпиша договор со Аргентинецот за 18 милиони евра.

По неколку дневна потрага, авионот, во неделата, беше пронајден на дното на каналот, на длабочина од 67 метри.

Телото од авионот беше извлечено во средата. Заедно со Сала во авионот се наоѓал и 59-годишниот пилот Дејвид Иботсон, чие тело се уште не е пронајдено.

Scroll to Top