Top Sport

Валенсија со минимален триумф над Еибар за шесто место (видео)

Валенсија стигна до минимална 1:0 победа над Еибар во првиот меч за двата клуба во новата 2020 година, триумф со кој тимот на Алберт Селадес се искачи на шестото место на табелата со 31 поен, колку што има и петтопласираниот Реал Сосиедад.

Единствениот гол на натпреварот падна во 27. минута од мечот, кога Максимилијано Гомез беше највисок во скокот по убавото нафрлање на Данецот Даниел Вас.

Домашниот тим на „Месталја“ успеа да го заддржи овој резултат до крајот на мечот, со што ја продолжија низата на пет меча без пораз. Еибар пак, се првпат поразени по три меча, и остануваат на 16. место со 19 поени, четири над зоната за испаѓање.

Scroll to Top