Top Sport

Српскиот клуб Јавор ги стави сите фудбалери на продажба

Драгомир Лазовиќ, претседателот на српскиот прволигаш Јавор објави дека сите негови фудбалери се на продажба во јануарскиот преоден рок по разочарувачкиот финиш на зимската полусезона со четири поразо едноподруго.

Јавор се врати во првата српска лига во 2019 година по една сезона како второлигаш и по зимската полусезона се на 12. место на табелата.

„Сите фудбалери на Јавор се на продажба. Колку нови играчи ќе донесеме зависи од тоа колку ќе си заминат“, изјави Лазовиќ за „Спортски журнал“.

Капитенот Марко Колаковиќ веќе си замина од тимот, а има заинтересирани клубови од Србија и од странство за другите фудбалери на тимот.

Scroll to Top