Борбата за опстанок во шпанската Ла лига најавува дека ќе биде многу поинтересна од борбата за титулата, откако Валенсија успеа да стигне до 2:1 победа над Реал Валјадолид за да излезе од зоната за испаѓање, а Еспањол доживеа нов пораз, овојпат со драматични 4:2 од Вилјареал.
На „Месталја“, работите не тргнаа најдобро за домаќините, откако Кајл Ларин ги донесе гостите во водство уште во шестата минута, но „лилјаците“ успеја да израмнат преку Муктар Дијахаби во 60. минута. Трите поени беа осигурани во 93. минута преку 20-годишниот Хавиер Гуера Морено, кој постигна прекрасен гол.
Со трите поени, Валенсија се искачи на 17. место со 33 поени, два повеќе пред Хетафе, кои денеска го отпуштија тренерот Кике Санчез Флорес.
Javi Guerra, 20 añitos y menos de 90 min en 1ª División. pic.twitter.com/YfePJqIJR1 https://t.co/t3KY0c4qbT
— Lassana (@_Lassana_) April 27, 2023
Ако Валенсија останува со добри шанси за опстанок, истото не може да се каже за Еспањол, кои остануваат претпоследни со 38 поени. Хави Пуадо им донесе водство на Еспањол против Вилјареал во финишот на првото полувреме, но домаќините израмнија преку Етјен Капуе во 53. минута, за десет минути подоцна Дани Парехо во повторениот обид од пенал да донесе 2:1 водство. Еспањол израмнија преку Хоселу во 73. минута, но финишот им припадна на домаќините кои постигнаа два гола, преку Џексон во 80. и пак преку Капуе во 93. минута од мечот за победа.
ЛА ЛИГА, 31.КОЛО
Валенсија – Реал Валјадолид 2:1
Вилјареал – Еспањол 3:2