Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, повторно испорача критики за играта на Душан Влаховиќ Јуветус, синоќа, во градското дерби одигра 1:1 со Торино, Валховиќ одигра лош натпревар, беше заменет во 74.минута.
„Се мачеше. Тој е добра играч, но треба уште многу да учи. Мораше да го „развлече“ Бремер по целиот терен и да не му дозволи тој да биде главен. Бремер добар со топката, добар е во дуелите, но не е толку добар кога поради напаѓачите треба да ја менува позицијата“, рекол Алегри и дополнил.
„И да не заборавиме тој дојде од тим кој има одлична сезона, но тој тим игра само еден натпревар неделно. Морате да напредувате, морате да научите да се прилагодите, во спротивно физички нема да можете да издржите да играте два натпревари неделно“.