Top Sport

Валјадолид и Мајорка со „лудо“ 3:3 реми

Ведат Муриќи со гол од пенал во 94. минута успеа да извлече 3:3 реми за Мајорка на гостувањето кај Реал Валјадолид во еден сосема необичен меч од шпанската Ла лига. Двата клуба немаат победа веќе неколку кола во обид да се осигураат од борба за опстанок.

Кике им донесе на домаќините водство во 33. минута од мечот, но Мајорка успеа во фантастичен период од пет минути во второто полувреме да направи целосен пресврт. Муриќи во 53. минута и Ману Морианес во 58. минута стрелаа за 1:2, пред Валјадолид да израмни во 68. минута со голот на Селим Амалах, пред во 86. минута Мончу да им донесе 3:2 водство. Но, во самиот финиш на мечот, беше досуден пенал, а Муриќи беше сигурен за 3:3.

Scroll to Top