Top Sport

Валверде ќе помине без казна? Вилјареал и Баена нема да го пријават инцидентот

Феде Валверде најверојаатно ќе ја избегне потенцијалната казна од 12 меча суспензија откако го удри Алекс Баена, бидејќи Вилјареал и фубалерот нема да го пријават инцидентот до Шпанската фудбалска федерација и покрај тоа што имаат видео-снимки од инцидентот, тврди „Диарио Ас“.

Првата реакција на клубот откако Валверде го удри Баена на паркингот на „Сантијаго Бернабеу“ пред тимскиот автобус е да остави токму фудбалерот да одлучи што да прави. Баена демантира дека му кажал на Валверде на претходниот меч од Купот на Шпанија: „Плачи кога синот нема да ти се роди“ во период кога сопругата на Валверде била бремена и во опасност да го загуби второто дете. Во неделата наутро, Баена се јави на социјалните мрежи.

„Среќен со импресивната победа на место како ‘Сантијаго Бернабеу’, но во исто време тажен за агресијата која ја искусив по мечот и изненаден од работите кои се кажуваат за мене. Апсолутно не е вистина дека сум го кажал тоа“, напиша Баена.

Валверде за „Марка“ потврди дека имало „агресија“, но дека само реагирал на новите слични коментари во текот на саботниот меч. Бидејќи инцидентот не е запишан во извештајот на судијата, единствен начи на кој Валверде ќе биде казнет е ако Баена или Вилјареал го пријави инцидентот.

Валверде го нападнал Баена на паркинг по коментарот за нероденото дете

Scroll to Top