Top Sport

Валтер Мацари е нов тренер на калчолигашот Каљари

Италијанскиот фудбалски прволигаш Каљари добива нов тренер, тоа е 59-годишниот Валтер Мацари.

Мацари на клупата на екипата од Сардинија ќе го замени Леонардо Семплици кој вчера доби отказ затоа што тимот на трите првенствени натпревари во новата сезона освои само еден бод.

Инаку Семплици на клупата на Каљари беше од почетокот на годинава и клубот го предводеше на 19 натпревари.

Мацари има богато тренерско искуство, освен во Наполи и во Интер, бил на клупата и на Ливорно, Реџина, Сампдорија, Вотфорд, а последниот ангажман го имаше во тимот на Торино. Таму беше од јануари 2018. до февруари 2020. година.

Scroll to Top