Top Sport

Со гол во 91. минута започна сезоната во ЛЕ – Легија триумфално низ Москва

Со само еден гол започна новата сезона во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент – Лига Европа.

Предмалку во Москва, во рамки на групата Ц, домашниот тим на Спартак не успеа да ја валоризира подобрата игра, па со примен гол во 92 минута загуби против тимот на Легија Варшава (0:1).

Иако домашните фудбалери упатија 20 удари кон голот на Боруч, сепак ниту еден не ја затресе неговата мрежа.

Во првото полувреме Џордан Ларсон и Виктор Мосес беа најопасни по голот на Легија, но без реализација.

Во вториот дел домашниот играч Самуел Гијот, во 67 минута ја погоди и пречката на противничкиот гол.

Десетина минути подоцна и Легија се закани, но ударот на Махир Емрели со глава заврши во стативата.

Во првата минута од судиското продолжение Ернест Муци одлично го проигра Косовецот Лирим Кастрати кој до пред половина месец беше играч на Динамо Загреб, а овој ја смести топката покрај голманот Максименко.

Во истата група, утре силите ќе ги одмерат двата големи фаворити во оваа конкуренција, англиски Лестер и италијански Наполи.

Scroll to Top