Поранешниот напаѓач на Барнли, Џонатан Валтерс реагираше на контроверзните коментари на ирската фудбалска легенда Рој Кин со фотографија со вреќа за бокс и со порака: „Стави ја фацата тука“.
Поранешниот помошник-тренер на Република Ирска, Кин во последното ТВ-интервју го критикуваше Валтерс, како и другите ирски фудбалери како Хери Артер и Стивен Ворд.
„Џон само зборува, тоа е неверојатно. Замислете да освои трофеј. Оди на телевизија и плаче како јас сум бил груб кон него. А две-три години не шутнал топка за Барнли“, почна Кин.
На Кин исто така не му се допаѓало ТВ-интервјуто на Валтерс во кое тој ја опиша својата семејна ситуација – неговата мајка починала кога тој имал само 11 години, подоцна починал и неговиот брат, а неговата ќерка има сколиоза.
„Тој беше на ТВ и плачеше за својата семејна ситуација. Знаеш, подобро малку да молчиш. Да видиме што освоил? Нема да трае долго. Иронично, пред две-три години кога кариерата му се приближуваше до крајот, отиде како позајмен фудбалер во Испвич, каде што јас бев тренер. Не можев да престанам да се смеам“, изјави строго Кин.
Валтерс, кој постигна 14 гола во 54 настапи за Република Ирска се пензионираше во март, а во својата кариера играше во Барнли, Стоук и Болтон.