Top Sport

Валверде: Да имавме ВАР уште ќе го игравме натпреварот

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде рекол дека „Ел класико“ би би се играл долго, доколку ВАР системот се користел во Шпанија.

Барселона и Реал освоија по еден бод (2:2) во 176.дерби, кое го обележаа бројните судиски грешки.

Некои од тие ситуации беа прекршокот на Луис Суарез над Варан што му претходеше на вториот гол на Барселона, очигледниот пенал на Жорди Алба по стартот врз Марсело, или стартот на Герет Бејл врз Умтити.

Покрај тоа Барселона второто полувреме го одигра со играч помалку, бидејќи Серхи Роберто доби црвен картон во финишот на првиот дел. Дефанзивецот на Барселона со тупаница го удри Марсело поради што беше исклучен.

„Познавајќи го Серхи Роберто без зачуден од неговиот потег. Среќа што немавме ВАР, инаку се уште ќе го игравме натпреварот“, рекол тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, алудирајќи на бројните спорни ситуации.

Scroll to Top