Top Sport

Марсело: Серхи Роберто не ме удри, не знам зошто доби црвен картон

Бекот на мадридски Реал, Марсело, по синоќешното реми 2:2 во дербито против Барселона, за шпанските медиуми рекол дека не знае зошто десниот бек на Барселона, Серхи Роберто добил црвен картон.

Дефанзивецот на Барселона, доби директен црвен картон, откако без топка, во финишот на првото полувреме, го удри Марсело. Бразилецот, кога го прими ударот, како покосен падна на теренот, а судијата го испрати Серхи Роберто во соблекувалната.

„Роберто не требаше да добие црвен картон, одлуката беше престрога. Не почувствував дека ми го допре лицето. Секој на теренот се однесува поинаку. ВАР? Па, не сум поддржувач на овој систем, мислам дека ќе ја „убие“ играта“, рекол Марселона по завршувањето на натпреварот.

Scroll to Top