Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, на прес конференција во пресрет на мечот со Вилајреал, говорел за проблемите со кои се соочува неговиот тим и како ќе ја преброди кризата.
Барселона не делува добро на гостински терен во новата сезона, а три гостувања во Ла Лига постигнаа сао два гола.
Валверде треба да биде загрижен бидејќи Реал иако не блескаат стигнаа до првото место на табелата на кое се наоѓаат заедно со неговиот поранешен клуб Атлетик Билбао.
„Во светото на фудбалот зборуваме за криза која трае три дена, а за три дена можеш и да излезеш од кризата. Тоа е она што ние го сакаме, до крајот на неделата да освоиме шест бода. Тогаш ќе бидеме мирни. Во ваква ситуација сме поради што не победивме, не направивме доволно шанси да да направиме пресврт во Гранада. Треба да ја унапредиме нашата игра во нападот“, рекол Валверде.
За мечот со Вилјареал, Валверде нема да ги користи услугите на Иван Ракитиќ, останатите биле подготвени.
Барселона утре од 21 часот ќе го пречека Вилјареал, а в сабота од 16 часот ќе гостува кај Хетафе.
Валверде мора да победи утре на домашен терен во спротивно му се заканува отказ. Каталонските медиуми денес пишуваат дека играчите полека му го вртат грбот на тренерот.