Top Sport

Валверде ќе остане тренер на Барселона

Ернесто Валверде ќе остане тренер на Барселона, ова за ЕСПН го потврдил претседателот на клубот Џосеп Марија Бартомеу.

Валверде сезонава освои еден од трите планирани поради што многумина во Барзелона ја посакуваа неговата оставка. Изминатите денови медиумите шпекулираа со имињата на тренерите што би можеле да го наследат Валварде, а главен кандидат беше Роберто Мартинез.

Крај на шпекулациите стави Бартомеу кој рекол дека „клубот нема да бара нов тренер“. Очигледно е дека претседателот е голем фан на 55 годишниот тренер, кој во Барселона е од 2017 година.

Валверде два пати ја освои титулата во Шпанија, но не успеа да направи добар резултат во Лигата на шампионите. Лани против Рома и оваа година против Ливерпул, Барселона не успеаја да сочуваат предност од три гола.

Scroll to Top