Top Sport

Сари збеснал поради медиумите

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, лут замина од последниот тренинг на Челси, во пресрет на финалниот меч во Лига Европа против Арсенал. Првично новинарите објавија дека Сари бил лут поради вербалниот инцидент помеѓу Давид Луиз и Гонзало Игуаин, меѓутоа од клубот излегоа со друго објаснување.

Италијанецот бил лут бидејќи и завршницата од тренингот на Челси бил отворен за медиумите.

„Нервозата на Маурицио немаше врска со фудбалерите. Вистината е дека се налути кога разбра дека и завршницата од едночасовниот тренинг ќе биде отворена за јавноста, а тој сакаше во последните 15 минути да ги вежба прекините“, стои во соопштението од Челси.

Градските ривали Челси и Арсенал, вечерва од 21 часот во Баку, ќе се борат за трофејот во Лига Европа.

Се закачија Игуаин и Давид Луиз на тренинг во Баку, Сари „вриеше“ (видео)

Scroll to Top