Роналд Куман е прв пик на челниците на Барселона за нов тренер. Шпанските медуми во петокот повторно ја отворија темата околу иднината на Ернесто Валверде, откако Барселона доживеа пораз од Атлетико Мадрид (2:3) во полу-финалето на Суперкупот.
Куман и на почетокот на сезоната се поврзуваше со Барселона, но уште тогаш тој излезе со изјава дека нема намера да отстапи од кормилото на холандската репрезентација до завршувањето на Европското првенство.
Дел од медиумите пишуваат дека Барселона ќе го смени Валверде, но откако ќе заврши сезоната. Тогаш ќе можат да го донесат својот поранешен играч, Куман.
Куман е човекот чии гол на Барселона им ја донесе првата титула во Купот на шампионите. Холанѓанецот шест години (1989-1995) мина на „Ноу Камп“. Во наведениот период одиграл 192 натпревари и постигнал 67 гола.