Top Sport

Валверде: Меси невозможното го прави возможно

Барселона предводена од брилијантниот Лео Меси го држи чекорот со Реал на челната позиција во Ла Лига. Синоќа Аргентинецот со три гола (два од слободен удар) му ја обезбеди победата на својот тим над Селта (4:1).

„Кога го имате Лео во тимот тогаш се е можно. Погледнете ги само слободните удари. Тој има докторирано на таа тема. Вистинска уметност е како ги изведува. Толку е опасен од сите позиции околу шеснаесетникот. противниците два пати мора да размислат дали ќе прават прекршок во таа зона“, рекол Валверде.

Со натпревар помалку од конкурентите Реал и Барселона имаат по 25 бода на челната позиција.

Scroll to Top