Top Sport

Валверде: Меси секогаш ја игнорира топката во првите минути од мечот

Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде открива зошто Лео Меси во секој меч решава да ја игнорира топката во првите неколку минути од мечевите.

Во интервју за „Финеншл тајмс“, Валверде, кој го замени Луис Енрике како менаџер во 2017 година, опишува како неговите фудбалери ја „интерпретирале“ фудбалската игра. Иако неговото мото е „Не мисли, играј!“, Валверде вели дека Меси има посебен метод.

„Меси ги резервира првите нколку минути за интерпретација. Го следи движењето на противниците, и ја забележува слабоста во нивната игра. Како што тече мечот, тој полека се внесува во игра, знаејќи каде може да ’удри’“, вели Валверде.

Scroll to Top