Top Sport

Валверде: Многу очекуваме од Гризман

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде бил задоволен што клубот во летниот преоден рок конечно го реализира трансферот на Антоан Гризман. Валверде многу очекува од 28 годишниот напаѓач кој за 120 милиони евра од Атлетико се пресели во Барселона.

„Сметаме на Гризман, бидејќи е млад играч со големо искуство. Очекуваме многу од него. Антоан може да ни донесе многу корисни работи на терено. Тој има големо искуство во Шпанија“, рекол Валверде и дополнил.

„Гризман е брз, способен да пронајде слободни зони на теренот во дел од секундата да донесе предност за својот тим. Знам колку вреди и што може да направи“.

Францускиот напаѓач пет години играше за Атлетико, на 257 натпревари абележа 133 гола и 50 асистенции.

Scroll to Top