Поранешниот тренер на Барселона Ернесто Валверде во интервју за фудбалскиот поратал „goal.com“, говорел и за најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.
Овој 56 годишен тренер на клупата на Барселона мина три години, освои две титули во Примера и по една во Купот и Суперкупот на Шпанија.
Во интервјуто тој зборувал колку е значајно кога на теренот го имате Меси.
„Многу пати крај аут линијата размислував која опција е најдобра и на крајот Меси, кој е на теренот, тоа ќе го видеше многу подобро. Многу е лесно него да го тренирате. Има високи амбиции, секогаш има такво чувство кон играта и кон клубот. Тој тоа го пренесува и врз соиграчите едноставно ги тера да бидат на повисоко ниво“, рекол Валверде.
Ернесто Валверде во јануари ја напушти Барселона, а позицијата го наследи Кике Сетиен.