Top Sport

„Валверде не е виновен“

Пред еден месец сезоната во Барселона „мирисаше“ на тројна круна, а по синоќешниот пораз од Валенсија (2:1) во финалето на Купот, гигантот од Каталонија остана со само еден трофеј во сезоната 2018/2019.

Армијата на навивачи на Барселона за поразот во финалето на Купот и претходно за шокантната елиминација во полу-финалето во Лигта на шампионите го обвинуваат тренерот Ернесто Валверде.

Без разлика на мислењето на навивачите претседателот Џозеп Марија Бартомеу уште еднаш му пружи поддршка на тренерот.

„Тренерот не е виновен за овој пораз. Валверде има договор, тој е наш тренер. На моменти зборуваме за наредната сезона, но сега не е вистинско време сериозно да се занимаваме со наредната сезона. Ја освоиме титулата во Ла Лига, што секако е важно за нас. Не би рекол дека сезоната е неуспешна, би рекол дека сезоната е добро“, рекол Бартомеу.

Scroll to Top