Top Sport

Валверде не ја одобрил продажбата на Паулињо

Бразилецот Паулињо една сезона мина во Барселона, беше важна алка во тимот што ја освои двојната круна во Шпанија, а по една сезона реши да се врати во Кина.

Минатото лето, кога Барселона реши на Гвангжу Евергранде да му плати 40 милиони евра за Бразилецот, многумина беа скептици дека тој воопшто ќе се снајде во еден од најголемите клубови во светот.

Сепак, Паулињо избори место во тимот и беше еден од клучните фудбалери на Барселона. Одигра добро и на Светското првенство, а по неговото завршување беше избран и во идеалниот тим на првенството.

Поради тоа изненадувачки дојде информацијата дека Барселона го враќа Бразилецто во Кина. Паулињо една сезона ќе биде позајмен, а потоа Гвангжу ќе мора да го откупи за сума од 50 милиони евра.

Интересно е што тренерот Ернесто Валверде се противел на продажбата на Паулињо, меѓутоа клупските челници не го послушале.

Поради тоа, како што пишува „Марка“, Валверде им бил лут на Пеп Сегура и Жозеп Марија Бартомеу што така лесно решиле да го продадат Паулињо.

Scroll to Top