Top Sport

Валверде не размислувал да поднесе оставка

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, рекол дека не помислува да поднесе оставка. „Главата“ на Валверде ја бараат навивачите по шокантата елиминација од Лигата на шампионите.

На новинарско прашање по мечот со Хетафе, дали размислува да поднесе оставка тој кратко одговорил „не“ и дополнил дека пример што сака да го следи е Пеп Гвардиола.

„Направи големи работи. Не само со тоа што ја освои Премиер лигата, туку поради тоа што долго време е таму. За мее тој е најдобриот тренер во светот. Секој ден можеш да учиш од Гвардиола“, рекол Валверде.

Scroll to Top