Top Sport

Валверде неочекуван кандидат за Јунајтед, Солскјер на клупата на Норвешка?

Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, е неочекуван фаворит да стане преоден менаџер на Манчестер јунајтед по отказот за Оле Гунар Солскјер, тврди угледниот „Гардијан“.

Валверде ги предводеше Лео Меси и Барселона до две титули од Ла лига, и има искуство од повеќе од 20 години на тренерската позиција, и би требало да дојде во тимот да го стабилизира по тригодишното владеење на Солскјер.

Мајкл Керик во моментов е привремен тренер на „ѓаволите“ со остатокот на тренерскиот тим на Солскјер, кој остана во клубот и покрај заминувањето на Норвежанецот. Според „Гардијан“, фудбалскиот директор Џон Мурто веќе разговарал со Валверде, кој е без ангажман по заминувањето од Барселона, а во клубот сметаат дека тој има искуство со „ракување“ со ѕвезди како Кристијано Роналдо.

Норвешките медиуми пак, ветуваат дека Оле Гунар Солскјер ќе го смени својот поранешен соиграч од репрезентацијата, Стале Солбакен како лидер на норвешката репрезентација, откако тие не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство. Солскјер покрај во Јунајтед, беше тренер и во Кардиф во Британија и во Молде во Норвешка, каде што ја стартуваше кариерата на Ерлинг Халанд.

Scroll to Top