Top Sport

Австралија опен: Супер тај-брејк во решавачкиот сет

Голема е веројатноста од наредната година на Австралија опен, да се игра „супер тај-брејк“, во решавачкиот петти сет, објави „тајмс“.

На првиот гренд слем во сезоната досега немаше тај-брејк во решавачкиот трет сет кај дамите, односно во петтиот сет кај мажите. Работите ќе се сменат од наредната година, откако организаторите решиле да воведат „супер тај-брејк“ доколку резултатот во решавачкиот сет биде 6:6.

„Тајмс“, објави дека ќе се игра тај-брејк до 10 освоени поени (на разлика).

Овој извор не е сигурен само дали правилото ќе биде воведено во 2019 година или ќе започне да се применува од 2020 година.

Ова значи дека грен слем турнирите ќе имаат различни правила, кога се работи за петтиот сет. На Ролан Гарос нема тај-брејк, Вимблдон од 2019 година воведоа тај-бреј но доколку резултатот биде 12:12, во третиот сет (жени) или петтиот сет (мажи), додека на Ју-Ес Опен се игра тај брејк доколку резултатот е 6:6.

Австралија опен на програмата е од 14. до 27.јануари.

Scroll to Top