Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, жестоко го напаѓаат од почетокот на сезоната, навивачите бараат негова оставка, а тој смета поразите можат да имаат своја позитивна страна.
Барселона, во саботата, за девет минути, падна кај Леванте. Домаќините негативата од еден гол ја претворија во победа 3:1.
„Секако дека тензиите се поголеми кога ќе е загуби натпревар“, рекол Валверде.
„Секогаш постои притисок. Но и поразите се добри, не тераат да бидеме подобри, бараат да реагираме. По секој пораз се обидувам да ги најдам причините“.
Новинарите неколку пати го прашале тренерот на Барселона дали му недостигаат лидерски способности, алудирајќи на неколкуте порази оваа сезона, но и на шокантните елиминации во Лигата на шампионите во претходните две сезони од Рома и Ливерпул. Во тие реванши Барселона влегуваше со убедлива предност, а теренот го напушташе со наведната глава.
„Можевте ова да ме прашате и за мечот со Интер на кој забележавме победа. Овој тим често знаел да се врати, како на пример против Бетис. Сепак не е можно секогаш да се направи пресврт. Секако дека тензиите се поголеми кога ќе се загуби натпревар“, рекол Валверде и дополнил.
Барселона вечерва (18.55 часот) ќе ја пречека Славија Прага во Лигата на шампионите.