Top Sport

Валверде: Реал остана без Роналдо, ние без Иниеста

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, смета дека заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал е хендикеп, исти каков што доживеа Барселона со заминувањето на Андрес Иниеста.

Роналдо, по цели девет години замина од Реал и за 100 милиони евра се пресели во Јувентус, додека Иниеста реши не само да замине од Барселона, туку и од европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Кобе, Јапонија.

„Не можеме да знамеме до која мерка заминувањето на Роналдо ќе влијае врз Реал, но тој е играч кој даде многу работи за клубот. Подеднакво исто е тоа што Реал остана без Роналдо, а ние без Иниеста. Хулен (Лопетеги) сигурно ќе се обиде заминувањето на Роналдо да не влијае врз тимот“, рекол Валверде.

Покрај Роналдо, Реал по освојувањето на третата титула во низа, во Лигата на шампионите, остана и без тренерот Зинедин Зидан, додека Барселона минатат сезона ја заврши со освојувањето на двојната круна во Шпанија.

Scroll to Top