Top Sport

Нзонзи пред трансфер во Рома

Францускиот репрезентативец и играч на Севилја, Стивен Нзонзи, се согласил да се пресели во Рома, објавија италијанските медиуми.

Нзонзи, кој летово со Франција стана светски првак, требаше да направи трансфер во Арсенал, но во последен момент решил да ја прифати понудата на Рома, која изнесува 25 милиони евра плус одредени бонуси.

Линкот за трансферот на Нзонзи е Мончи, актуелниот спортски директор на Рома, кој во минатото, додека истата функција ја имаше во Севилја, го донесе францускиот фудбалер од Стоук во шпанскиот клуб.

Инаку, услов за да биде реализиран трансферот е Рома да го продаде Максим Гоналон за кого се заинтересирани Евертон и Кристал Палас.

Scroll to Top