Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, истакнал дека неговите играчи нема да го потценат Олимпик Лион. „Лани против Рома ја научивме лекцијата“, рекол тренерот кој и наредната сезона ќе седи на клупата на „блауграна“.
Минатата сезона, во четврт-финалната фаза во Лигата на шампионите, Барселона испадна од Рома иако по првиот меч имаше предност 4:1. Во реваншот Рома успеа да победи со 3:0 и да се пласира во полу-финалето.
Вечерва, Барселона ќе гостува во Лион, во првиот меч од осмина-финалето.
„Против Рома научивме дека нема опуштање. Мораме од почеток до крај да бидеме на максимално ниво. Кога игравме против Рома сите говореа дека противникот е лесен, тоа не ни помогна“, рекол Валверде.
„Сакаме да се надигруваме, овој меч го чекаме долго време. Под притисок сме, знаеше што се очекува од нас“.
Дуелот помеѓу Лион и Барселона ќе започне во 21 часот.