Top Sport

Валверде: Се потпирам на моето семејство и на луѓето во Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид, Феде Валверде првпат се појави во јавноста по удирањето на ривалот од Вилјареал, Алекс Баена на паркингот на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на викендот по некои непристојни коментари на Баена.

По 2:3 поразот во текот на викендот, Валверде наводно бил бесен за коментарот на Баена дека „нема да ти се роди синот“, по што го побарал пред автобусот на гостинскиот клуб и го нападнал. Баена го пријави инцидентот на властите, додека Валверде денеска застана со навивачите на Реал да дели автограми.

„Да, во ова време е потпирам на моето семејство, на луѓето во Мадрид и на тие кои ме подржуваат на улиците“, изјави Валверде.

Додека Ла лига го осуди однесувањето на Валверде, навивачите на Реал Мадрид вчера го извикуваа неговото име на „Сантијаго Бернабеу“ при 2:0 победата над Челси во меч од Лигата на шампиони.

Scroll to Top