Top Sport

Валверде: Среќа што живееме во ерата на Меси

Градот Севилја уште еднаш биде спектакл во режија на Лионел Меси. Откако Аргентинецот пред три недели, на Санчез Писхуан“, со три гола и пресуди на Севилја, синоќа исто им го направи на Бетис на „Бенито Вилјамарин“.

Меси постигна три гола во победата 4:1, со што дојде до бројката од 29 гола во Примера оваа сезона.

„Среќници сме што живееме во ерата на Лео Меси. Вечерва видовме како реагира публиката кога тој е на теренот. Иако им го загорча животот, забележливо беше дека навивачите на Бетис уживаат во неговата игра“, рекол тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Два од трите гола на Меси беа спектакуларни, првиот од слободен удар и третиот кога со лоб-удар го совлада Пау Лопез.

Меси со својата игра ги натера домашните фанови да му ракопеслаат откако го комплетираше хет-трикот.

Scroll to Top