Top Sport

Крка се спаси, Олимпија испадна од АБА-лигата (Видео)

Кошаркарите на Крка и наредната сезона ќе играат во најсилната АБА-лига, додека нивните големи ривали од Словенија, Олимпија се селат во АБА 2-лигата.

Крка, во Ново Место, ја пречека Олимпија во решавачкиот натпревар за двата тима. На крајот, по голема борба, Крка победи 62:59.

Сезоната, во која на домашен терен ги победија Партизан, Будуќност и Цедевита, екипи што ќе се борат за титулата, Крја ја заврши со седум победи и 15 порази. Победа помалку остварија кошаркарите на Олимпија, поради што испадната од лигата.

Мечот беше решен во последните две минути кога Крка успеа да создаде предност до шест поени. На крајот ниту во домашниот тим немаше ниту еден играч со постигнат двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Мавра со девет, односно Фифолт и Балашиќ со осум поени.

Крка има подобар меѓусебен скор од Задар, поради што хрватскиот тим ќе игра бараж за опстанок во лигата. Задар за противник ќе ја има поразената екипа од финалниот меч во плеј-офот во АБА 2-лигата.

Scroll to Top