Уругвајскиот интернационалец Федерико Валверде толку многу посакува да го освои пехарот во Лигата на шампионите, што би се сложил и да го размени за својата сопруга Мина Бонино. Играчот за врска на Реал Мадрид се пошегува дека е подготвен да ја „жртвува“ сопругата за успех во големото финале против Ливерпул.
„Што би дал за трофејот во Лигата на шампионите? Се, освен син ми… Можеби би ја дал и жена ми, хахах… Ова не е шега! Немате секој ден можност да играте во финалето и се би дал за да го освојам. Се надевам дека в сабота ќе се радуваме и дека ќе го кренам трофејот“, изјави Валверде.
Неговата сопруга Мина Бонино е аргентинска спортска новинарка и ја прифати шегата на Валверде.