Напаѓачот на Штутгарт, Конгоанецот Силас Вамангитука во неделата постигна еден од најпонижувачките голови во историјата, откако доби жолт картон откако се „прошета“ со топката во голот на противникот за 2:1 победа.
Вамангитука ја искористи катастрофалната грешка на одбраната на Вердер да зголеми на 2:0, но наместо веднаш да ја смести топката во голот, тој чекаше голманот на Вердер, Јиржи Павленка да трча по него, за што доби жолт картон од судијата и презир од фудбалерите на Вердер.
Тој тврди дека не планирал да го омаловажува противникот.
„Секогаш и во секој сегмент на играта го почитувам мојот противник. Со вториот гол, сакав да освојам повеќе време за мојот тим во овој важен натпревар. Не сакав да го провоцирам голманот на Бремен на никаков начин“, се правдаше Вамангитука на Инстаграм.
Silas Wamangituka with one of the most disrespectful finishes you’re ever likely to see ??? pic.twitter.com/d3vw9oLOnj
— Taísto (Quintuple-Winners ?????) (@TaistoFCB) December 6, 2020