Top Sport

Ван Бастен: Хуморот е добредојден, ама она што го прави Нејмар…

Поранешниот холандски репрезентативец и член на техничката комисија на ФИФА, Марко ван Бастен, го критикувал Нејмар и неговото однесување за време на натпреварите на Светското првенство во Русија. Бразилецот, на руските терени, покажа исклучителни актерски способности, поради што фудбалскиот свет започна да се шегува на негова сметка.

Поради неговите театрални паѓања, напаѓачот на ПСЖ, на социјалните мрежи стана мета за потсмев.

„Мислам дека е секогаш добро кога со шега се однесуваме кон фудбалот. Меѓутоа, доколку директно говориме за самата игра, тогаш тоа никако не може да биде добар пристап. Во играта мора да покажете спортски дух. Фудбалерите треба да знаат дека тркалањето по теренот нема да им помогне Нејмар тоа треба да го разбере“, истакнал Ван Бастен.

Бразил, настапот на Светското првенство го заврши во четврт-финалето, со поразот од Белгија.

Scroll to Top