Top Sport

Кербер преку Остапенко до ново финале во Вимблдон

Германката Анџелик Кербер е првата финалистка на гренд слем турнирот што се игра во Вимблдон.

Кербер, во првото полу-финале, во два сета ја победи Летонката Елена Остапенко со 6:3, 6:3.

foto: epa

Германката, која во минатото беше и на првото место на ВТА листата, клучната предност ја стекна во финишот на првиот сет, кога направи брејк во осмиот гем. Во вториот сет играта на Остапенко полека започна да се распаѓа, што Германката го искористи и со уште еден брејк го потврди пласманот во финалето.

foto: epa

Кербер, втор пат во кариерата ќе се бори за титулата на најпрестижниот турнир во тенискиот свет. Пред две години таа загуби во финалето од Серена Вилијамс.

Серена и сега и е можна противника, но само доколку Американката успее да ја совлада во полу-финалето Јулија Гергес.

Scroll to Top