Легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен мораше да се извинува откако во интервју на холандската ТВ беше фатен како извикува „зиг хајл“, неславниот нацистички поздрав и тоа викендот во кој холандскиот фудбал јасно застана против расизмот во спортот.
Пред мечот Хераклес-Ајакс во саботата, новинарот на „Фокс“, Ханс Крај го интервјуираше тренерот на Хераклес, Франк Вормут на германски јазик, но слабото познавање на јазикот го предизвика поранешниот напаѓач на Милан да каже: „Зиг хајл, не многу прекрасно палачинко“.
Коментарот предизвика бура од реакции во Холандија, откако дојде во викенд во кој сите мечеви во Холандија почнаа со минута протест по расистичкиот напад над Ахмад Мендес Мореира минатата недела.
„Не сакав да ги шокирам луѓето, туку само да се потсмевам со Германија на Ханс, но секако, се извинувам“, изјави Ван Бастен.
Hoor ik dat goed? “Sieg Heil”-momentje na interview Hans Kraay met Duitse trainer Heracles.#ajaher pic.twitter.com/OLC20RQGvD
— Jan Boskamp (@Jantjeboskamp) November 23, 2019