Легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен тврди дека сегашниот капитен на „оранје“, ѕвездата на Ливерпул, Виргил ван Дајк „креира хаос“ за репрезентацијата.
Вчера, Холандија стигна до 3:0 победа над аутсајдерот Гибралтар, но Ван Бастен уште беше лут на 4:0 поразот од Франција три дена претходно и според него Ван Дајк наместо да дава јасни инструкции на соиграчите само „прави бучава“ и не заслужува да биде лидер.
„Тој само прави бучава, но не кажува ништо. Не е јасен и прецизен. Добар капитен размислува на глас, кажува јасно што се случува. Тој само стои таму и креира хаос. Ова потоа носи недоразбирања. Во соблекувалната е добар, во фудбалот тактички и технички не. Потребен ти е џентлмен на теренот, лидер“, вели Ван Бастен.