Арон Ван Бисака, во летниот преоден рок би можел да го напушти Манчестер јунајтед. Како што објави „Атлетик“, за неговите услуги се заинтересиран во неговиот поранешен клуб Кристал Палас.
Манчестер јунајтед, пред три години за Ван Бисака платија 50.000.000 фунти, но се чини дека не ги оправда очекувањата. Најмногу критики за офанзивниот дел од неговата игра, додека за дефанзивата Англиачните тврдат дека е најобар во Премиер лигата.
Иако новиот менаџер Ерик тен Хејг ќе даде свое мислење за се што е поврзано со составот на Јунајтед, кога ќе дојде во Англија на крајот од сезоната, се верува дека Ван Бисака ќе биде еден од оние фудбалери кои ќе треба да го напуштат клубот.
Ако Ван Бисака не биде на продажба, клубот од „Селхурст парк“ се надева дека ќе може да го донесе на позајмица.