Вирџил Ван Дајк ги демантира англиските медиуми, кои на пред две недели објавија, дека ги започнал преговорите со Ливерпул околу новиот договор.
Холанѓанецот во јануари 2018 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул. Тој има договор до јуни 2023 година.
Минатата сезона тој е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите, што ги поттикна шпекулациите дека Ливерпул ги започнале преговорите околу новиот договор. Некои медиуми пишуваа дека ќе добиел неделна плата од 200.000 фунти.
„Нема вистина во тоа. Не ме засега сето тоа. Прочитав дека сум преговарал околу новиот договор и такви работи. Тоа не е точно. Сега ме интересират само натпреварите што се пред нас, размислувам само за нив, а допрва ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјавил Ван Дајк за „Сакј Спорт“ по мечот во Неапол.
Ливерпул со пораз ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Беапол „црвените“ загубија од Наполи со 2-0.