Виргил ван Дајк вели дека избрал да направи трансфер во Ливерпул поради Јирген Клоп и покрај понудите од Манчестер сити и Челси.
Холандскиот бек пристигна на „Енфилд“ од Саутемптон во јануари 2018 за 75 милиони фунти, што тогаш беше најскап трансфер за еден дефанзивец, и тогаш имаше понуди и од Сити и Челси, но тој вели дека Клоп бил главниот фактор за прифаќање на понудата на „црвените“.
„Имав шанса да отидам во Челси и Манчестер сити. Кога ќе ги споредите клубовите, историјата, градот, тимот, плановите за иднината, најважно е да погледнете кон менаџерот и Јирген Клоп беше важен во мојата одлука. Има нешто посебно кај него. Неговата енергија, неговиот имиџ… Понекогаш мислам дека има повеќе од другите и знае како да се поврзе со играчите, што е најважно. Клоп ви дава одлично чувство и среќен е кога ќе ве види наутро во клубот. Тоа ве инспирира“, вели 28-годишниот Ван Дајк.